за ЗБМ

Здружението на Бармени на Македонија (ЗБМ) е непрофитабилна и невладина организација која има за цел да ја афирмира професијата Бармен и да ја подигне Коктел Културата во Р. Македонија. ЗБМ е формирано во Октомври 2005 и за краток период го подигна нивото на Македонските Бармени и општо на угостителството во нашата земја.

Во 2007 година ЗБМ аплицираше за членство во International Bartenders Association (IBA) и на Светскиот Конгрес во Таиван на кој присуствувме и добивме статус на член набљудувач, за веќе две години подоцна на Светскиот Конгрес во Берлин 2009 да добиеме статус на полноправен член. ЗБМ е единствена организација од угостителскиот сектор која е член на една Светска Федерација. Во 2010 на Светскиот Конгрес и Шампионат во Сингапур за прв пат наш Бармен учествуваше на едно Светско Првенство на Бармени. На Светските Првенства нашите шампиони досега имаат освоено две бронзени и една сребрена медаља.

Покрај овие натпревари нашите членови учествувале и на многу други интернационални натпревари и имаат постигнато значајни резултати.

ЗБМ е организатор на Официјалните Државни Првенства на Бармени на Македонија(2008-2019). Досега се организирани дванаесет, 2020 и 2021 поради корона кризата не се одржа Државното Првенство на Бармени. Исто така во организација на ЗБМ е и Барменската Лига која се одржа во 2010, 2011 и 2012 година.

ЗБМ брои околу 300 членови, од кои повеќето се Бармени, но има и луѓе кои ентузијасти кои ја сакаат и ја подржуваат Коктел Културата во нашата земја. Бројот на членови постојано расте, а и квалитетот на Македонските Бармени на што сме многу горди.