CAMPARI
ЦРВЕНОТО СРЦЕ НА СЕКОЕ НЕГРОНИ
Сè започна во 1860 година, кога Гаспаре Кампари, талентиран италијански производител на ликери, создаде аперитив беше различен од сите други – Кампари
Кампари е горко-сладок италијански аперитив, направен со инфузија на природни билки, ароматични растенијата и овошје во алкохол.
Оттогаш рецептот е непроменет, креација која е строго чувана тајна, пренесувана низ годините.
Со својата живописна црвена нијанса, интензивна цитрусна арома и специфичен хербален вкус, Кампари е дефинитивната состојка во некои од најпопуларните класични коктели во светот како Negroni и неговите многу креативни варијации.
Дали сте знаеле
Со користење на ботанички и ароматични растенија во природна инфузија, Campari
е совршен и како аперитив или дигестив, послужен со сода вода, во Американо, Негрони или кративен современ коктел.
THE NEGRONI
Приказната за Негрони започнува во 1919 година. кога еден италијански господин, грофот Камило Негрони, влегол во неговиот омилен бар во Фиренца. Грофот Камило бил редовен гостин во Caffè Casoni и тој обично нарачувал Американо, откако се заинтересирал за коктели за време на посетата на Соединетите Американски Држави. Меѓутоа, тој конкретен ден, тој побарал во неговото Американо да се стави џин наместо газирана вода, инспириран од неговото последно патување во Лондон каде што се запознал со вкусот за џин.
Барменот Фоско Скарсели со задоволство го испочитувал барањето на грофот Камило. Потоа додал парче портокал како декрација наместо типичната кора од лимон за да го симболизира новиот пијалок што го создадоа ‚‚Негрони‘‘.
Повеќе од еден век од создавањето на безвременскиот Негрони тој влезе во категоријата „коктел класика“ и е главен дел од менијата за коктели во најдобрите барови. Каде што денес познавачите на добар пијалок ужуваат насекаде во светот.
Дали сте знаеле
И покрај тоа што е роден во Фиренца, гроф Камило Негрони добар дел од животот поминал
Соединетите Американски Држави. Во главно во Вајоминг, каде што работел како каубој.
Потоа се преселил во Њујорк каде што често ги посетувал најдобрите барови. Од таму се родила неговата љубов кон коктелите.