Карактерни особини на еден Бармен

Карактерни особини на еден Бармен

Бармен е една динамична и интересна професија. Но дали е професија што секој може да ја работи или некои луѓе имаат предизпозиции за неа.

Бидејќи е работа со луѓе, нормално е да очекуваме дека барменот треба да биде комуникативна личност. И таквите бармени подобро се снаоѓаат позади бар и со комуникацијата со гостите. Но освен тоа исто така треба да внимаваат на својот дел од работата т.е. подготовката на пијалоци и коктели, и нивниот квалитет и брзина на подготовка да не биде запоставен за сметка на разговорите со гостите.

Пред најважна е желбата за работа позади бар. Има бармени кои природно се комуникативни и забавни и треба само да научат добро и брзо да работатат позади бар. И обично тоа е добитна комбинација. Но има и такви кои многу брзо ќе ја совладаат техниката на подготвување на коктели, но имаат проблем со комуникацијата со гостите. Сепак, и тоа е нешто што може да се научи или со тек на време и искуство може да се совлада.

Барменот е еден вид на глумец, неговиот карактер во приватниот живот може да биде сосема поинаков од тоа како се однесува на неговото работно место. Барот е ноговата сцена,а барменот е шоуменот за кого се дојдени гостите. Тој е пријателот со кого може се да споделите, да се нашалите и кој ќе ве сослуша и кога никој друг не го прави тоа. Тоа е дел од неговата работа. Спомнавме дека треба да биде глумец, но исто така и психолог кој мора да ги ислуша проблемите и приказните на неговите гости.

Од се ова произлегува дека воопшто не е лесно да си бармен, и дека е многу комплексна професија. Но љубовта кон работата прави на сите овие работи да не гледаме како на проблеми туку на предизвици и искуство кое ни ги носи професијата. Исто така секој бармен мора да биде многу одговорна личност. Нашата работа е да служиме алкохол, но гостите со проблеми често го гледаат алкохолот како решение за нив и бараат спас од барменот преку алкохолот. Не смееме да претеруваме со алкохолот кој им го точиме на нашите гости и мора да најдеме начин да им укажеме дека не треба многу да пијат, без разлика која е причината за тоа.

Велат дека најтешката работа е работата со луѓе. И плус сите горенаведени работи кои ги спомнавме, можеби сите оние кои сакаат да започнат да работат како бармени ќе ги предомисли за работава. Но магијата која ќе ја осетат со работат позади бар е најголемата мотивација, и е посилна од сите проблеми и ситуации со кои се среќаваат бармените.

Барменот е локална звезда и главен во својот бар. Многу од гостите доаѓаат за него и сакаат да бидат на барот покрај барменот. Но, не смее да дозволи тој да биде над гостите, да ги потценува и да ги игнорира, бидејки работи во угостителство и тој е личноста која треба да ги угости а не тие него.

Денес како и во многу други професии, преку интернетот и социјалните мрежи се ни е достапно. Така и за бартендинг се што сакаме може да видиме и да научиме. Но исто така секој може да напише нешто или да постира видео од тоа како прави коктел. Има бармени кој од професијата ја сакаат само славата и внимението. И многу често видето (каде што се дотерани и работат со златни шејкери и прават коктели во кристални чаши), не е истото искуство кога некој гостин ќе им дојде во бар. Коктелот нема да биде добар или добро избалансиран, гостите ќе чекаат премногу за да го добијат и нема да го имаат вниманието што го очекуваат од него.

Да се биде бармен треба многу искуство и учење. Моменталната слава нема да ви помогне, туку напротив ќе ве оддалечи од професијата и од гостите. Затоа секојдневно учете, бидете професионалци и сакајте ја својата работа.

More Articles for You

15-то Државно првенство на Бармени во Македонија

Биди најдобриот Бармен во Македонија и креирај го коктелот на годината. Победникот ќе ја пртеставува Македонија на Светското Првенство на …

ОФИЦИЈАЛНИ ЗБМ КОКТЕЛИ

Официјални ЗБМ Коктели   Americano 3cl Campari 3cl Rosso Vermouth Splash soda Сипете ги состојките во директно олд фешн чаша …

Кампари и Негрони

CAMPARI ЦРВЕНОТО СРЦЕ НА СЕКОЕ НЕГРОНИ   Сè започна во 1860 година, кога Гаспаре Кампари, талентиран италијански производител на ликери, …

Повреди и пороци во барменството

Повреди и пороци во барменството Да се биде бармен е забавна, интересна и креативна професија. Но како и се друго …

Добродојдовте на bar.mk

bar.mk е првата веб страна посветена на барскиот бизнис, бармените и коктел културата во Македонија и надвор од неа. Страната …