Повреди и пороци во барменството

Повреди и пороци во барменството

Да се биде бармен е забавна, интересна и креативна професија. Но како и се друго има и свои лоши страни.

Ноќни смени, долги саати поминати на нога, придонесуваат некои од бармените да се здобијат со повреди. Најчесто страдаат нозете: проширени вени, болки во колената, како и повредите на рацете и рбетот. Тука се и проблемите со нередовното спиење и лошиот сон. На почетокот овие проблеми не се приметуваат или се надминуваат со еланот и желбата за работа. Но поискусните баремни мораат да најдат начин како да го заштитат своето здравје. Еве наколку совети како да го сочувате вашето здравје работејкќи како бармен:

  • Убаво да се наспиете. После вашата смена наместо да одите во диско може да одите дома и убаво да се наспиете. Доволни се 6-8 часа добар сон. Напомена: подобро ќе спиете ако не консумирате алкохол вечерта. За жал некои од грешките и повредите на работа се случуваат од умор и недоволна концентрација.
  • Бидете секогаш во добра физичка форма и кондиција. Мора да го подготвите вашето тело за работа во бар. Барменот работи 5-6 дена во неделата (некогаш и 7) и за тоа треба добра кондиција. Физички вежби кои може да ги правите дома или во теретана, возење велосипед или пливање ќе ви помогнат полесно да ги издржите напорните смени и истовремено ќе ве ослободат од стресот.
  • Здрава и редовна исхрана. Работата во бар бара доста енергија и затоа ни е потребна здрава исхрана. Пред вашата смена најдобро е да имате еден добар оброк и уште еден полесен за време за паузата додека сте на работа. Тоа што најмногу штети на вашето здравје и вашиот сон се оброците после вечерните смени.
  • И уште еден совет, без разлика дали сте бармен или можеби во некоја друга професја се редовните лекарски прегледи. Посебно ако веќе имате повеќе години стаж и работно искуство.

 

Во баровите секогаш има добра забава, расположени лица и одлична атмосфера. Кога работите во една таква средина, понесени од еуфоријата лесно може да се навлечете на некој порок.

  • Алкохолот – работите со него и го имате буквално во неограничени количини во вашиот бар. Најдобро е да не се консумира алкохол за време на вашата смена. Можеби едно пиво или една чашка после работното време. Тоа е доволно да се опуштите и наградите после напорната смена. Но ако пиете во или уште полошо пред работното време, тогаш имате проблем. Ќе правите грешки при работа и ќе имате проблеми со вашите колеги, претпоставени и со гостите. Не држи теоријата дека треба да пиете за да бидете опуштен во работата или да се смирите доколку некој гостин ве изнервирал. На крајот вие сте тие кои што гостите ги послужувате со алкохол и гледате каков ефект има кај нив. Кај некого ја потикнува забавата и расположението, но кај некои гости има и лош ефект особено ако испијат повеќе. Но помеѓу вас постои бар(иера) – вие сте на вашето работно место а они се гости и се знае за кого е наменет алкохолот.
  • За жал уште еден порок е присутен во ноќниот живот, а тоа е дрогата. Ќе сретнете добро расположено друштво кое ќе ве покани после работа да им се придружите во диско или на некое друго место. И можеби некој од нив ќе ви понуди нешто за да се чувствувате подобро. И доколку не внимавате, може брзо да се навлечете на најлошиот од сите пороци – дрогата. Тоа не само што ќе ви ја уништи кариерата, ќе го уништи вашиот и животот на вашите најблиски.

 

Вие сте пристутни на работа за вашите гости и секако они треба да бидат задоволни. Но пред се бидете професионални и држете се до принципите на вашата работа.

Велат човекот учи од своите грешки, а паметниот човек учи од туѓите. Во својата кариера ќе имате многу примери за тоа што треба а што не треба да се прави. Бидете паметни и искористе го тоа.

More Articles for You

15-то Државно првенство на Бармени во Македонија

Биди најдобриот Бармен во Македонија и креирај го коктелот на годината. Победникот ќе ја пртеставува Македонија на Светското Првенство на …

Карактерни особини на еден Бармен

Карактерни особини на еден Бармен Бармен е една динамична и интересна професија. Но дали е професија што секој може да …

Добродојдовте на bar.mk

bar.mk е првата веб страна посветена на барскиот бизнис, бармените и коктел културата во Македонија и надвор од неа. Страната …