15-то Државно првенство на Бармени во Македонија

Биди најдобриот Бармен во Македонија и креирај го коктелот на годината. Победникот ќе ја пртеставува Македонија на Светското Првенство на Бармени во прекрасната Мадеира, Португалија.

Првенството ќе се одржи на 12 март во Лабораториум.

Натпреварот ќе  биде во класичнo подготвување на коктели. Секој учесник мора да пријави свој коктел. Категоријата на коктели што ќе ги подготвуваат бармените ќе биде:

  • Long Drink во квалификации
  • Speed, tasting and knowledge challenge во полуфинале
  • Long Drink cocktail во финале

Пијалоците кои се употребуваат за спремање на коктелите може да бидат само од листата на пијалоци од  спонзорите на ЗБМ. Право на учество имаат сите бармени кои живеат и работат во Македонија, но и сите оние на кои мешањето на пијалоци им е хоби или пасија. Пријавувањето трае до 10 Март 2024.

Пријавувањето трае до 10 Март 2024 и се врши електронски, со пополнување на пријавата на >>> следниов линк <<<

Правила 2024
Листа на пијалоци 2024

Програма на натпреварот:
12.30 -13.00 – Доаѓање на натпреварувачите и влечење на лотарија за редослед на натпреварувачите
13.00 – 14.00 – Брифинг и припрема за квалификации
14.00 – 15.30 – Квалификации
15.30 – 16.00 – Прогласување на полуфиналисти и припрема за полуфинале
17.00 – 18.30 – Полуфинале
18.30 – 16.15 – Доделување дипломи и прогласување на финалистите за Државното Првенство
20.00 – 21.00 – Финале Класика
21.00 – 21.30 – Прогласување на победници и затворање на натпреварот

 

More Articles for You

Повреди и пороци во барменството

Повреди и пороци во барменството Да се биде бармен е забавна, интересна и креативна професија. Но како и се друго …

Карактерни особини на еден Бармен

Карактерни особини на еден Бармен Бармен е една динамична и интересна професија. Но дали е професија што секој може да …

Добродојдовте на bar.mk

bar.mk е првата веб страна посветена на барскиот бизнис, бармените и коктел културата во Македонија и надвор од неа. Страната …